2
Четириесет годишен возач од Кавадарци вчера удрил во жена на булеварот „Партизански Одреди“ во скопската населба Карпош 4.
„На 27.12.2024 година во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“ во Скопје, патничко возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Н. (40) од Кавадарци, удрило во пешакот И.М. (56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.М., а констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител“, пишува во полициското соопштение.
Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.