Во тек на денешниот ден е регистриран нов случај на корона вирус во Неготино, потврди Министерството за здравство.
Станува збор за жена на возраст од 71 година, а случајот не е поврзан со ниту еден од претходните инфицирани во градот.
-Жената заминала во Скопје на клиниката за хематологија поради друга дијагноза, не знаела дека е позитивна на Ковид-19. Таму и бил земен брис, а резултатот е позитивен, по што е препратена на инфективната клиника.
Според информациите со кои располагаме, таа не била во контакт со ниту еден од веќе регистрираните позитивни случаи во Неготино, и не можеме да кажеме од каде се заразила – велат од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Додаваат дека се прават анкети со контактите. Со денешниот случај, во Неготино моментално има шест активни случаи на корона вирус.
Вики Клинчарова