Жена од Мејн во САД била касната во петокот откако удрила мечка по лицето, бидејќи таа почнала да го брка нејзиното куче.
Лин Кели 64-годишната жена работела во својот двор во Портер, кој е на границата со Њу Хемпшир, кога нејзиното куче почнало да лае и истрчало во шумата, се вели во соопштението на Одделот за внатрешно риболов и рибарство во Мејн, кави Си-Ен-Ен.
Кели изјави дека кога нејзиното куче се вратило, го бркала мечка.
„Потрчав до местото каде што слезе и постојано го викав и го довикував, а тој конечно се врати со трчање. А веднаш зад него беше мечката. Мечката ме погледна, а јас ја погледнав мечката. Мислам дека и двајцата се исплашивме“, изјави Кели за Си-Ен-Ен.
Одделот за внатрешен риболов и диви животни во своето соопштение вели дека „Кели се соочила со мечката главо, и кога мечката станала, таа станала колку што можела повисока, а потоа ја удрила мечката во носот“.
Тогаш мечката ја касна во десната рака и остави рани во зглобот,
Кели се јавила на 911 и била пренесена во локалната болница за да и се санираат раните. Нејзиното куче било неповредено.
Одделот соопшти дека поставиле две живи стапици за да се обидат да го фатат животното и ги повика жителите на Мејн да „држат дистанца“ доколку видат мечка и „да не ја удираат или вознемируваат мечката“.
Се проценува дека има околу 24.000 до 36.000 црни мечки кои живеат низ Мејн.