Жена која работи како возач на туристички автобус во Осака по вторпат е позитивна на новиот корона вирус, што е прв ваков случај во Јапонија.
Жената вчера била позитивна на тестот за корона вирус, откако почувствувала болка во грлото и градите.
Таа прво била тестирана во јануари, по што била хоспитализирана, но брзо оздравела.
Јапонскиот министер за здравство рече дека таа е првиот пациент кој после болничко лекување повторно е позитивен на корона вирусот.
Иако ова е прв ваков случај во Јапонија, во Кина се пријавени повеќе на втор позитивен тест.
– Откако ќе добиете инфекција, таа може да остане во состојба на мирување и со минимални симптоми, а потоа може да дојде до влошување на ако се најде во белите дробови, објасни професор на факултетот за медицина на Универзитетот во Њујорк.