362
Со тешки телесни повреди се здобила жена од Холандија вќера во сообраќајна несреќа во Струга, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 14.30 часот во полициската станица Струга било пријавено дека на кружна крстосница од ул.Партизанска и ул.Маркс Енгелс, Ј.Ц.В.Р.(72) од Холандија, управувајќи мотоцикл хонда со холандски национални ознаки излетал од коловозот“, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи информира дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ц.В.Р.(72) од Холандија, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Струга