Полицијата истражува случај во кој хигиеничарка заработила неколку илјади евра, бидејќи незаконски им наплаќала на посетителите да ги користат тоалетите на фестивалот во Штутгарт. Измамата ја открила полицијата во цивилна облека.
Жената е уапсена на Канстатер Фолксфест во Штутгарт под сомнение дека незаконски се збогатила, пренесува магазинот „Феникс“.
Полициската управа ја објави оваа информација на сервисот „Х“, поранешен Твитер.
Осомничената ја искористила наивноста на посетителите на Васен и ги принудила да плаќаат за користење на тоалетот, иако тој бил бесплатен. Така заработила неколку илјади евра.
Полицијата објави и фотографија на која се гледа торба полна со монети, но и банкноти, а напишаа и: „Ова е неприфатливо“.
Според полицијата, жената е уапсена и се води истрага.