Непознато женско лице и маж со иницијали Е.К. физички нападнале 33-годишен велешанец среде улица и му го одзеле паричникот со пари.
Настанот се случил околу 1.30 часот на улица ,,Благој Ѓорев” во Велес, на 29.08., по што нападнатиот и ограбен маж го пријавил случајот во велешката полиција.
Од таму го потврдуваат случајот за чие решавање се преземале мерки, и информираат дека се трага по сторителите.
Ова е можеби единствениот случај во земјава, кога и жена учествува во уличен грабеж. Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека не е познат нејзиниот идентитет, и засега останува непознато дали истата има документирано криминално минато.
Кога станува збор за криминалци кои оперирале како парови, најпознати во светот се Бони Паркер и Клајд Бароу, вљубените Американци, кои ограбуваа банки и бензински станици во малите градови во Америка, а кои беа убиени во полициска заседа во 1934 година. За ова криминално дуо дури и се сними филм, а главните улоги ги играа Ворен Бити и Феј Данавеј.
Вики Клинчарова