Терористичкиот напад во Истанбул, во кој најмалку шест лица загинаа, а 81 беа повредени, го извршила жена, соопшти вечерва турскиот потпретседател Фуат Октај.
-Бомбата ја активирала жена – рекол Октај, пренесува ТАСС.
Потпретседателот рече дека обвинителите се на терен и дека истрагата се уште е во тек.
-Кој стои зад овој напад ќе биде уапсен и казнет. Ова веќе не е стара Турција и тоа треба сите да го знаат. Овој инцидент ќе го решиме многу брзо, кој и да стои зад него ќе одговара – порача тој.
Експлозијата се случила во попладневните часови на прометната пешачка улица Истиклал во Истанбул.
Меѓу повредените има и српска државјанка од Ниш кој како турист била во посета на овој град, дознава Телеграф.
Таа е во стабилна состојба, но ќе биде оперирана, бидејќи шрапнели и го повредиле рамото.