Жена го изџвакала и го голтнала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.
Од изборната комисија необјасниво е однесувањето на жената.
-Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.
Според претседателката на локалната комисија Снежина Ангелова, 74-годишната жена го користела апаратот за машинско гласање, но откако ја добила потврдата се предомислила и побарала да ѝ даде можност повторно да гласа.
Откако не ѝ било удовлено на барањето, жената одбила да им ја даде потврдата за гласање на членовите на изборната комисија, како што налагаат прописите. Наместо тоа, таа го изела документот.