0
Г.М.(39) синоќа по полноќ била застрелана и убиена во Подгорица во населбата Забјело, соопшти црногорската полиција.
Според истите информации, убиството се случило во дворот од куќата на улицата „Манастирска“.
Засега не се познати мотивите на ова дело, како и осомничените.
Наводно, жената била убиена со неколку истрели.
Полицајците ја опколиле куќата во која се случило злосторството, а соседите се собрале на улицата и со неверување гледале во насока на полицајците кои вршеле увид.