Жена (46) преживеала напад од тигреста ајкула

by Fokus

Жена (46) била нападната од тигреста ајкула на мал остров во близина на заливот Јуриен, во Западна Австралија.

Ајкула долга околу два метри ја нападнала жената во плиткото, во вода длабока околу 1 метар во близина на островот Сендленд, соопштија локалните власти.

Нападнатата жена е туристка, додаваат тие, која во група гледала морски лавови кога се случил нападот. Ајкулата ја каснала за левата потколеница и и ги скинала мускулите од тој дел од телото, јавуваат локалните медиуми. Веднаш била однесена на итна операција.

„Службите за итни случаи добија извештај за напад на ајкула во понеделникот во 11.45 часот по локално време. Два спасувачки тима се испратени во пристаништето Јуриен. Жената е во критична состојба“, изјави портпаролот – Сент Џон.

Мажот кој ја извлекол нападнатата жена од водата рекол дека „се се случило за само неколку секунди“.

„Беше многу чудно“, рекол тој, додавајќи дека и ја врзал ногата пред да ја одвлече во чамецот и да ја однесе на брегот, пренесува 9News.

Островот Сендленд е на околу 300 метри од брегот и има површина од околу два хектари. Властите велат дека плажите во областа се затворени по нападот.

Инцидентот е под истрага.

Поврзани новости