Тој во Скопје ќе го промовира новиот проект „Два света”, кој го носи името по легендарната песна од Тома Здравковиќ ,,Два света сме различни“, која ја преработи во џез-свинг варијанта, што е и темата на неговиот нов проект.
Минатиот месец тој имаше настап во Велес, на манифестацијата Велешка пастрмајлијада. Тоа беше само еден од низата концерти на популарниот пејач, кој во Македонија доаѓа и по десеттина пати годишно, во поголемите градови и пее најчесто на општински манифестации.
Пред неколку недели, по повод забраната за емитување на музика од српски автори во земјава, јавно се огласи и го изрази своето незадоволство, прашувајќи ги надлежните од СОКОЈ со кое право ги забраниле песните, без воопшто да бидат запрашани авторите. Инаку, покрај тоа што е автор на повеќето свои песни, тој пишува и за десетици српски изведувачи.