Жељко Самарџиќ ќе пее хуманитарно за дете со аутизам од Прилеп!

by fokus

Музичката ѕвезда Жељко Самарџиќ на 19-ти март ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп.

Тој ќе настапи во Спортска сала ,,Тутунски комбинат” со почеток од 20 часот, а настанот е со цел да се соберат финансии за лекување на малиот Дејан Најдоски од Прилеп, момче со аутизам на кое му е потребен третман со матични клетки на клиника во Турција.

Музички гости на Самарџиќ ќе бидат Јоце Панов и Филип Николоски, а влезниците по цена од 300 денари се пуштени во продажба.
Пејачот и минатата година беше чест гостин во земјава. Во тек на летото имаше концерти во Лешок, Дојран и Охрид. Тогаш дојде заедно со сопругата и раскажа дека таа се воодушевила од убавините во Македонија.

Кон крајот на ноември 2019 година, за Дејан Најдоски исто така се одржа хуманитарен концерт во Прилеп, а гостуваше Саша Ковачевиќ. Тогаш освен за Дејан, се собираа средства и за уште едно момче од Прилеп на кое му беше потребно скапо лекување.

Вики Клинчарова

Поврзани новости