– За господинот Џорџ Сорос неприфатливо е Европа и европските земји во 21век постојано да не туркаат нас луѓето во катастрофална сиромаштија и неправда. За него, идејата за отворено општество е недостижна кога Ромите ја трпат ваквата состојба и поради тоа тој се обидува некако да ја промени таа состојба – вели Жељко Јовановиќ во интервју за ЕУ Ромапрес по најавите дека Фондацијата Отворено општество (ОСФ), ќе издвои 100 милиони евра за поддршка на Ромите.
Причината за оваа одлука, смета Јовановиќ од една страна е поради огромната и длабока сиромаштија во која живеат Ромите, а од друга страна, поради недостаток на капацитет и внатрешните конфликти кои спречуваат тие политички да се организираат за да имаат поголемо влијание на таа ситуација.
-Секако, свесен е дека за ваква тешка ситуација потребни се неколку генерации за да се смени ситуацијата и затоа со години продолжува да ги дава своите пари за зголемување на
нашите капацитети – вели Јовановиќ во интервјуто.
Во Европа, според него Ромите се приоритет за Сорос и за фондацијата веќе 30 години како заедница која има најмалку капацитет да се бори сама.