Желјазко Радуков – нов амбасадор на Бугарија во С. Македонија

by Fokus

Претседателот на Бугарија – Румен Радев и Владата постигнаа договор за именување на амбасадор во С. Македонија.

Согласно договорот, Желјазко Радуков ќе го замени Ангел Ангелов на функцијата бугарски амбасадор во земјава.

Радуков веќе работел во Амбасадата во Скопје како трет секретар во периодот од 2010 до 2013 година. Тој има и пракса и во Амбасадата во Белград.

Во бугарското МНР Радуков беше одговорен за односите со С. Македонија по 2021 година, за време на привремените влади на Радев.

Тој е и организациски секретар на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања помеѓу двете земји.

Поврзани новости