„Железници“ заковани во долгови

by fokus

Државните компании задолжени за управување со железничкиот превоз и железничката инфраструктура, со години се на врвот на листата на загубари. Додека од таму се правдаат дека долговите се наследени и нереални, тие се мачат да обезбедат пристојна услуга со старите возови од Титово време и кинеските возови од Грујово време. Во меѓувреме, се поставуваат нови рокови за изградба на легендарната пруга кон Бугарија, која, според последната најава, треба да биде готова во 2027 година

 Пишува Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

„Возовите имаат рустикален, стар класичен шарм, кој е неодолив. Зачудувачки погледи, живописни бои и инспиративни пејзажи оставаат длабоко, речиси трансцедентно влијание врз нас кога патуваме со воз.

Секое патување со воз нуди панорамски поглед на природата. Само седнете, опуштете се и оставете го искуството да го преземе! Патувањата може да траат само неколку часа, но искуството трае цел живот“.

Ова е краток опис на патничките возови на официјалната страница на „Македонски железници транспорт“. Ако не сте патувале со воз во земјава, ова звучи како привлечна авантура. Патувањето со воз низ земјава е секако авантура што ќе ја паметите со години.

Но, може во памтење да ви остане дека од Прилеп до Скопје, на пример, наместо за два и пол часа, сте стигнале за седум часа оти возот се расипал на минус 20 степени, а, згора на тоа, во возот немало парно. Па, сте чекале со часови на минус температури за да се поправи возот.

Вакви и слични трауматични децениски искуства во возовите, голем број од патниците ги преселија во автобусите, па за некоја стотка повеќе, граѓаните се возеа со автобус, а Железници секоја година бележеше пад на бројот на патници.

Но, сега со поскапувањата, полека, но сигурно, патниците од автобусите, им се враќаат на возовите. Не можат веќе да си дозволат повратен билет, на пример од Прилеп до Скопје од 1.000 денари со автобус, па поисплатливо им е да се качат во воз и да патуваат подолго за 400 денари со воз.

Но и сега, кога возот станува најисплатливо превозно средство и кога Европската Унија ја форсира неговата употреба, Железници тонат и не можат никако да излезат од долгови. Тие со години се на врвот на листата на должници што ја објавува Министерството за финансии.

Ако за вториот квартал од оваа година, долгот на „МЖ Транспорт“ бил 67,2 милиони евра, за третиот квартал, тој долг веќе пораснал за речиси 70 милиони евра!

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости