Железници Транспорт доби струја, долгот ќе го плати државата

by Fokus

Железници Транспорт на РСМ АД Скопје напладне повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес.

Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот собраќај, иако постоеше  таква опасност со оглед дека струја им е потребна за пумпите за нафта.

Поврзани новости