Железничка несреќа во Германија, најмалку тројца загинати и десетици повредени

by Fokus

Најмалку три лица загинаа, а поголем број се потешко повредени во железничка несреќа што денеска околу пладне се случи во јужна Германија, во близина на Гармиш-Партенкирхен, кога регионален воз полн со патници излетал од шините.

Како што соопшти полицијата, покрај тројцата загинати, повредени се над 60, од ​​кои 16 потешко. Меѓу патниците имало и многу деца.

Според очевидци, неколку вагони се превртеле и се лизнале по железничкиот насип. Возот сообраќал на линијата Гармиш-Партенкирхен – Минхен.

На помош на пожарникарите им се придружиле и припадниците на Бундесверот и федералната полиција стационирани во овој дел на Германија, поради претстојниот самит на Г7 во блискиот Елмау.

Поврзани новости