Жбогар: Законот за ЈО да се донесе првенствено за граѓаните, за да веруваат во правда и неказнивост

by fokus

Евроамбасадорот во земјава кој денеска ја претставуваше новата методологија на Европската унија, ја повтори пораката што им ја испрати еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји на сите лидери на политичките партии при посетата на земајава и порача дека иако Европската комисија не го стави Законот за јавно обвинителство како услов за почеток на преговорите на земјава со ЕУ, „тоа е нешто што треба да се направи“.

Тој наведе неколку причини зошто законот треба да биде донесен, а прва причина за носењето, според него, се граѓаните.

-Прва причина се граѓаните, за да веруваат во правдата дека нема неказнивност, бидејќи е важен за неколку земји членки како демонстрација за владеењето на правото и за нас исто така, бидејќи сакаме да видиме демонстрација на промена на мислењето од тоа што треба минимум на направиме и да почнете преговори во како да ги искористиме преговори максимално да ја промениме земјава и младите да престанат да се иселуваат, порача Жбогар.

Тој претставувајќи ја новата методологија порача дека земјава мора да продолжи со реформите, да организира фер и демократски избори и да ги негува добрососедските односи.

Поврзани новости