Жбогар: Преговарачката рамка се уште не е финализирана

by Fokus

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе има внатре. Станува збор за истата преговарачка рамка со слична структура како и за другите земји во регионот, со тоа што треба да ја интегрира новата методологија неодамна усвоена од Европскиот совет, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе биде објавена преговарачката рамка, што ќе содржи и дали ќе бидат опфатени добрососедските односи со Бугарија.

Тој се повика на изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека преговарачката рамка ќе биде објавена во јуни и верува дека се уште стои на овој датум.

Во однос на Бугарија, Жбогар посочи дека добрососедските односи се важен елемент од процесот на проширување.

„Тоа е потврдено и дел од одлуката на Европскиот совет од март. Потребата од продолжување со спроведувањето на договорите постигнати со соседите и постојаниот развој на добрососедските односи секако дека ќе биде адресирано во преговарачката рамка“, изјави Жбогар.

.

Поврзани новости