Во последно време вашата држава беше лидер во влевање оптимизам во регионот. И, да, мислам дека одлуката во октомври зависи како ќе бидат решени некои кризи и ситуации во регионот. Има некои ситуации во регионот, вклучувајќи ја и таа меѓу Косово и Србија. Мислам дека одлуката во октомври во иднина ќе влијае и на тие проблеми. Сакам да кажам дека регионот е поврзан, никој не е целосно независен. Успехот на една држава има влијание врз успехот на друга држава и обратно. Ова го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за ТВ Алфа .
За почетокот на преговорите со ЕУ на Албанија и Северна Македонија, Жбогар вели дека тоа е така зошто и двете земји добиле препорака во исто време, па паралелно се разгледуваат.
– Секоја држава си останува независна, таков е процесот. Имаме две држави за кои Комисијата предлага да се отпочнат преговори. Затоа некако одат во пакет, но не се. Секоја држава ќе се разгледа независно. Ако има услови за да се оди понатаму ќе се оди независно за секоја држава. Генерално мислам дека за секоја држава од регионот предност е и другите држави да одат напред. И за вашата држава е добро доколку и Албанија започне преговори.Секогаш е добро да имаш соседи кои гледаат напред, кои гледаат оптимистички кон иднината отколку соседи кои се фрустрирани и гледаат назад Мислам дека целиот регион ќе има бенефит доколку и двете држави отпочнат преговори, мислам дека ќе влее оптимизам во регионот, рече Жбогар.
Во однос на СЈО, Жбогар посочи дека „СЈО беше формирано кога ОЈО беше парализирано од политика“.
– СЈО беше единствена институција која работеше против корупцијата и организираниот криминал и која имаше снимки за борба против криминалот. СЈО направи голема промена во изминативе три-четири години. Не треба да го заборавиме тоа. Имаше 20.000 телефони кои нелегално беа прилсушувани. Сите не интересира зошто и кој го направил тоа. Има преку милион разговори кои целиот свет ги слушна. И сите ние слушнавме погрешни нешта и криминални активности на тие прислушувани разговори. Нам ни е важно да слушнеме дека се ближи крајот на тие случаи. Добар дел од тие случаи сега се пред судските органи и се во судски процедури. СЈО веќе не постои, но работата на СЈО мора да продолжи. Работата на СЈО, случаите на СЈО и експертизата на СЈО мора да продолжи преку регуларните обвинителства. Би рекол дека тоа е голема промена во борбата против корупцијата, рече Жбогар.