Жбогар: Новата влада даде надеж кај луѓето во Македонија, но и во ЕУ

by Fokus

Евроамбасадорот Самуил Жбогар при денешната посета на општините Челопек и Брвеница каде што вршеше увид на инфраструктурните објекти коишто се реконструираат со пари од Европската унија, изрази надеж дека новата Влада ќе ги спроведе реформите од акцискиот план 3-6-9 коишто вчера ги најави премиерот Зоран Заев.

– Тоа што е добро е тоа што Владата излезе со реформи, меѓутоа тие реформи сега веќе не се усмени, туку и тие реформи се ставени на хартија. Се разбира, овој оптимизам дека ќе бидат спроведени тие реформи треба да го видиме во првите три месеци како што и најави Владата. Јас можам да кажам дека со формирањето на новата Влада се создаде нова надеж и нов оптимизам како кај луѓето коишто живеат во Македонија, така и кај земјите од Европската унија. Сметам дека Владата ќе успее да испорача некои работи коишто би ја придвижиле земјата кон евроатлантските интеграции – изјави Жбогар.

Поврзани новости