Жбогар: Нема потреба за ветинг во судството!

by fokus

Евроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека ветинг во судството е последна опција која треба да и се случи на Македонија.

„За следната година планираме проект за мониторирање за случаите со висока корупција и верувам дека ова ќе го подобри функционирањето на судството. Ветингот е последна опција, а тоа е консензуз од сите политички партии. Во моментот не гледам дека има потреба од такво нешто. Нашата положба е дека одлуката останува на земјата и самата земја ќе го реши тоа прашање“, истакна Жбогар.

Тој денеска се сретна со претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати кој не сакаше да одговори зошто новинарите беа избркани надвор од зградата да чекаат изјава. Жбогар само кратко рече дека немале најавено прес-конференција, новинарите чекале изјава по своја волја.

Поврзани новости