644
По пораките на американскиот амбасадор Џес Бејли дека меѓународната заедница очекува продолжување на мандатот на СЈО, со ист став денеска излезе и евроамбасадорот Самуел Жбогар.
-Нашиот став за СЈО е ист подолго време, односно од неговото основање. СЈО е формирана со една одредена цел. Формирана е за да ја расветли законската одговорност што произлегува од прислушуваните материјали. Затоа треба да му се даде време и простор потребен за да ја заврши работата. – изјави Жбогар.
На овие пораки реагираа од ВМРО-ДПМНЕ кои остануваат на ставот дека нема да дозволат продолжување на мандатот за истраги на СЈО. Тој пак, според договорот од Пржино, завршува во јуни оваа година.