Жан Митрев со честитка за Божиќ: Им простувам на ИРЛ, ќе ја повлечам тужбата против нив

by Fokus

Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо, затоа им простувам на ИРЛ кои ми нанесоа голема неправда и ќе ја повлечам тужбата против нив. Но, за се што сториле Бог нека им суди.

Ова се зборовите на доктор Жан Митрев кој синоќа на својот фејсбук-профил објави божиќна честитка во која, меѓу другото, најави дека ќе ја повлече тужбата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

„Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро. Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо. Минатата година ИРЛ ми нанесоа многу неправда со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. За тоа поднесов и тужба против нив. Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината. Но, за се што сториле Бог нека им суди. Јас им простувам и тужбата ќе ја повлечам“, пишува Митрев во честитката за Божиќ.

Во честитката тој додава дека Божиќ е денот кога се родила надежта оти доброто ќе го надвладее злото и денот кога сето лошо што се случило треба да се заборави.

Жан Митрев поднесе тужба до Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) откако медиумот ја објави сторијата „Нечиста крв“ во која беа приложени изјави од сведоци, документи, ставови од институции па и од самиот Жан Митрев – дека приватната болница дебело наплаќала за т.н. хемофилтрација при лечење на болни од ковид-19, а таа метода била клиничко испитување и не била пријавена пред надлежната Агенција за лекови (МАЛМЕД).

Според Митрев, наводите на ИРЛ биле „лажни и исценирани“, а со нив се фрлило сомнеж на работата на клиниката. и кажа дека ќе дојде време кога ќе покаже од каде доаѓа овој „оркестриран напад“.

Поврзани новости