862
По првата трансплантација на срце од починат донор, докторот Жан Митрев се заблагодари на министерот Филипче за тоа што ги сплотил сите лекари заедно и успеале во операцијата.
– Од минатата година за првпат во Македонија се дозволи вградување на вештачки срца, што беше првиот исчекор кон ова. Се покажа дека ги имаме сите капацитети и можности. Сакам да се заблагодарам на министерот Филипче, кој не организира и сплоти со една цел да ги лекуваме пациентите – изјави Митрев.