„Тој не е мојот син“, вели кардиохирургот Жан Митрев за А1 он, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба.
Од ваквата изјава на сопственикот на клиниката „Жан Митрев“ останува нејасно дали тој се откажал од неговиот син или пак во целост демантира било каква поврзаност за лицето кое се сомничи дека е дел од терористичка организација.
Инаку, во акцијата биле приведени двајца Турци (едниот 21 годишен, другиот 22 годишен), како и 24-годишниот Митрев, кој сега е првообвинет. Во обвинителниот акт се вели дека, Филан Митрев е обвинет за сериозен чин на насилство што ја загрозува државата, за кршење на Законот за воено оружје и за напад.