Од клиниката „Жан Митрев“ денеска во ново соопштение тврдат дека во болницата не се вршени клинички испитувања, туку станува збор за научен труд со сублимирани лабораториски резултати и искуства од употреба на оваа метода за лекување.
-Клиничко испитување на медицинските средства претставува откривање, односно потврдување на безбедноста на медицинските средства, нивната корисност и усогласеност со општите и посебните услови во согласност со намената дефинирана од страна на прозиводителот, а спонзорот на клиничкото испитување или неговиот
овластен претставник е должен да го пријави клиничкото испитување во Малмед.
Во овој контекст, Клиничка болница Жан Митрев Скопје ниту вршела проверка на безбедноста на медицинското средство за хемофилтрација (бидејќи тоа е обврска на производителот на медицинското средство), ниту пак е спонзор или овластен претставник за да може да пријавува, да бара или добива дозволи за вршење на клинички испитувања, велат од клиниката.
Додаваат дека употребата на медицинското средство за хемофилтрација е начин на лекување, а секоја употреба на медицинско средство не е и не може да претставува клиничко испитување.