Не сум отптимист, состојбата со корона вирусот наесен ќе биде многу лоша, рече кардиохирургот Жан Митрев во гостувањето во „Само Вистина“.
-Не сум оптимист, следејќи ги параментите кај нас и во светот, покрај тоа што желбата е да се вратиме во нормала, нема втор бран туку континуирано зголемување на бројките. Но, сега после олабавувањето, под притисок на многу фактори кои се животно важни, а тоа е економијата, тоа придонесе да се олабават на сите страни, не само кај нас. За жал, се гледа дека тоа континуирано продолжува. Не можеме да кажеме дека е нешто надминато, кога бројките го зборат спротивното. Како ќе биде наесен, јас мислам дека ќе биде многу лошо. Многу ќе се зголемат бројките во однос на тешко болни пациенти. Она што се зборуваше дека е болест за постари луѓе, не е точно. Ние лекуваме и 24 годишник во тешка форма. Сега имаме син и ќерка кои се со тешка состојба. Во комбинација со поладната атмосфера и затворени простории, ќе почне и скопското загадување, ќе дојдат и другите додадни вирусни заболувања, сезонски грипови, ќе се искомплицира ситуацијата, рече Митрев.
Тој вели дека вирусот кај некои пациенти се однесува како на симптоми на СИДА.
-Паѓање на имунитет, предизвикување на имунолошка реакција и додатни компикации. Не секој позитивен пациент е болен пациент. Тој имал контакт со тој вирус. Симптоматските пациенти со проблеми во дишење и температура, тие се пациенти кои заболуваат, тврди Митрев.