610
Жан-Мари Ле Пен, соосновачот и поранешен претседател на радикално десничарскиот француски Национален фронт, е примен в болница поради мозочен удар, изјави денеска неговиот советник.
Лорен де Сен Африк потврди дека 93-годишниот Ле Пен е хоспитализиран во средата навечер и се очекува да биде пуштен во рок од 36 часа.
– Денешните прегледи покажаа дека нема за што да се грижиме, нема опасност за неговиот живот, порача Де Сен Африк.
Ќерката на Ле Пен, Марин го презеде Националниот фронт во 2011 година, кој подоцна го преименуваше во Национален собир за да ја отстрани негативната репутација на партијата како расистичка и ксенофобична.