Пет дена сме на терен, многу доброволци не има кои учествуваме во гасењето на пожарот на Серта, за „Фокус“ раскажува неготинец кој има имот во селото Калањево и кој заедно со мештаните, но и доброволци од Неготино и Кавадарци се бори со огнената стихија.
Вели дека во моментот состојбата во Калањево е стабилна, но ништо не може да се прогнозира, затоа што и минатите денови се случуваше пожарот да намали, па пламените пак да тргнат кон селата.
– На едно место гасиме, па на друго започнува да гори. Изгинаа од работа луѓето овде. Ништо од вегетацијата нема останато таму каде што поминаа пламените, живи изгореа животинки, остана пепел. Жално е за гледање, ова е катастрофа и не верувам дека до утре ќе се локализира пожарот, силина е ова.
Се прашуваме како можеше да се случи катастрофа од ваков размер, како на време не се запре оганот… Во овие моменти само се надеваме дека селата ќе останат безбедни, затоа што има околу 150 имоти во Калањево, во други села има добиток, ова е дел од општината каде постојано има народ, има и викендици во кои луѓето престојуваат не само во лето, туку и во зима.
Прекрасна природа, која ја изгубивме, вели тој.
Денес на увид на терен дојдоа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот на одбрана Владо Мисајловски и директорот на ЦУК – Стојанче Ангелов.
Пожарот се гасеше во два ер трактори и со три хеликоптери. Се интевренира и од копно, и влкучени се бројни екипи.
Вики Клинчарова