386
Во скопскиот Апелационен суд поладнево, пристигнаа првите жалби за предметите на СЈО, против одлуките на Кривичниот суд, кој одлучи да не определи притвор на поранешените владини функционери Владимир Пешевски и Љупчо Георгиевски.
Од скопска Апелација тврдат дека во врска со случајот „Траекторија“, во кој е осомничен Пешевски поднесени се две жалби, една од СЈО затоа што не му беше определен притвор, додека втората од самиот Пешевски, кој се жали на мерките на претпазливост, односно на одземањето на пасошот.
Во наредните 48 часа, судиите од повисокиот суд ќе треба одлучат дали ќе ги прифатат жалбите на СЈО или ќе ја потврдат претходната одлука.