544
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски останува во куќен притвор и му се забранува комуникација со лица опфатени во кривичнно-правниот настан.
-Постапувајќи по жалба на одбраната и обвинетиот, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција за С.Ј. ја одби жалбата, ја потврди мерката куќен притвор и дополнително му определи мерки и тоа забрана за комуникација со лица опфатени со кривично-правниот настан и забрана за употреба на средства за комуникација без дозвола на судот, соопштија од Кривичниот суд за МИА.
За В.С. и Т. Ѓ. Кривичниот совет ги потврдил решенијата во целост.