Жалбата на Грујевски на 75, за Бошковски на 65 страници

by Fokus

Врховниот суд во Атина ќе ја разгледува второстепената жалба на двајцата поранешни началници на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Според нивниот адвокат во Грција, жалбата за Грујевски е на 75, а за Бошковски на 65 страници. Костас Хаѕијоану, говорејќи за солунскиот портал Вориа, како што јавува дописникот на МИА од Атина, тврди дека не било изводливо Советот на судии за ден и пола да ги види сите аргументи и целата документација на 17.000 страници.

–  Регуларно, одлуката требаше да се соопшти два дена по последното рочиште. Овие 15 дена беа поради процедуралниот проблем, бидејќи немаше преведувач. Во рок од ден и пол, човечки не беше изводливо, Советот на судии да ги види сите наши аргументи. Ние веруваме во грчкото правосудство. Веќе имаме поднесено барање за заштита преку политички азил и сигурни сме дека на крај правдата ќе биде задоволена, вели адвокатот Хаѕијоану за порталот Вориа.

Поврзани новости