474
Пратеникот од Левица Борислав Крмов продолжува со теренските посети на локалните ограноци, и овој пат во Кочани со членството во непосреден контакт се дискутираа предизвиците кои нè очекуваат.
„Загрозени од великобугарските апетити за разнебитување на државата и сплотувањето на широката коалиција за уставните измени, Левица излегува на терен помеѓу своето членство и македонскиот народ, за артикулација и припрема за одговор на оваа опасна насока во која се движиме.
Левица заедно со народот одлучно и молскавично ќе ги казни сите предавнички дејствија на партиите кои одработуваат против Македонија и ќе го врати достоинство на обичниот човек“, вели Крмов.