Згрозен сум од Наќе Чулев, вели Шилегов

by Fokus

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го обвини техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за инцидентот кај депонијата Вардариште, каде што двајца редари на Град Скопје биле физички нападнати од граѓани кои нелегално истурале отпад,

„Згрозен сум од Наќе Чулев. Згрозен сум како човек, затоа што станува збор за човек кој очигледно има мисија да направи целосна девастација на правниот систем во нашата држава. Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите, кои би ни обезбедиле нормала во смисла на попуштање на епидемијата, јавното негово декларирање дека нема да казнува, придонесува луѓето да добијат сила за таква анархија како што вчера се случи официјалните лица – инспектори на Град Скопје да бидат нападнати“ – истакна Шилегов.

Тој му порача на Чулев да престане да се однесува како евтин платеник на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости