Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да ја продава и да ја издава Белата палата во којашто се наоѓа партиско седиште, одлучи вчера Основниот суд Скопје 1.
„По барање на ова Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката“, се вели во соопштението на СЈО.
Брањето на СЈО е поднесено во рамките на истражната постапка за предметот „Талир“, кој се однесува на финансиски измами од раководството на партијата.