Зградата на Вагнер свети во форма на крст

by fokus

Зградата на Вагнер во Санкт Петербург е осветлена во форма на крст откако авион на Евгениј Пригожин се урна денеска во Тверската област.

Во авионот кој летал на релација Москва – Санкт Петербург имало седум патници и тројца членови на екипажот.

Никој од нив не преживеа.

Руската управа за цивилно воздухопловство потврди дека на летот биле Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер, Дмитриј Уткин.

Меѓу загинатите е и Валериј Чекалов, кој беше одговорен за службата за безбедност на Вагнер.

Греј зона, канал на Телеграм поврзан со Вагнер, исто така потврди дека Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа.

Поврзани новости