583
Зграда распука по должината во приморскиот град Драч, откако попладнево Албанија беше погодена од два силни земјотреса од кои едниот беше со магнитуда од 5,8 според Рихтер.
По првичниот подземен удар, бил регистриран уште еден потрес со мангитуда околу 5.
Албанските медиуми пренесуваат дека сѐ уште преистигнуваат информации за штети и повредени.
Две лица биле повредени во Тирана, и биле пренесени во болница. Исто така биле регистрирани и големи оштетувања на објектит, при што биле евакуирарани во областа Дон Боскос на главниот град, кој е оддалечен 30-ина километри од епицентарот.
Земјотресот, освен во цела Албанија, е почувстуван и во Македонија, Косово и Црна Гора.