Најголемо зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19 за периодот од 28 септември до 4 октомври се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60 проценти, односно 46,1 проценти , соодветно, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Министерството за здравство соопшти дека за тој период тестирани се 9.832 материјали, или 2, 1,5 отсто, повеќе во однос на минатата недела.
Регистрирани се 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува зголемување од 35,5 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (519; 43,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12.2 отсто или 3 проценти, повеќе во однос на претходната недела.
Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1 проценти, повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (239, 19,9 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (220; 18,3 отсто), 50-59 (200; 16,6 проценти), 30-39 (222; 18,5 отсто) и 20-29 (194; 16,1 проценти). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (38; 3,2 отсто) и 10-19 години (90; 7,5 проценти).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (1074; 89,3 отсто), регистрирани се 142 (13,2 отсто) хоспитализирани, а кај 280 (26,1 проценти) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи во периодот 28 септември-4 октомври, 403 (37,6 отсто) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3 отсто) лица со историја на патување во последни 14 дена.
По добиени 2 негативни теста, како оздравени се водат 786 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната недела.