503
Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на Jордан Ѓоргиев, кој со своето возило ја усмрти Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“.
Казната е зголемена за една година, откако првично беше изречена тригодишна затворска казна.
Претходно казната беше изречена по само едно рочиште, откако обвинетиот Ѓоргиев ја призна вината. Возачот останува во затворот во Шутка.
На 20 јануари на раскрсницата кај „Сити мол“, Ѓорѓиев удри во двајцата пешаци кои поминувале улица со брзина од 67,3 км/ч, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената.
Во сообраќајката загина 24-годишната Викторија, а нејзиното момче Леонид Даов беше повреден.