Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце, Богородица и Дојран

by fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози и со зголемен интензитет надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран попладнево се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости