Зголемена фрекфенција на возила на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

by fokus

На граничниот премин „Богородица“  е зголемена фреквенцијата на возила и за излез од државата попладнево се чека од 15 до 30 минути. На ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу 30 минути, соопшти Автомотосозјуот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ информира и дека патниот правец село Истибања – брана Калиманци е затворен за сообраќај за сите категории возила и се одвива по алтернативни патишта. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница – Бигла – Делчево, а за тешки товарни возила преку Виница – село Смојмирово – Делчево.

Поврзани новости