0
За една недела потврдени околу 1500 нови случаи со грип или за 34 проценти повеќе во однос на претходната недела. Вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово. Надлежните засега без мерки, уверуваат дека состојбата е стабилна.
– Има зголемен број на болни од грип псоледната недела, но нема пациенти на интензивна нега, а бројот на случаи е помал во споредба со ланската сезона, изјави д-р Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.
Од ИЈЗ очекуваат почетокот на второто полугодие и враќањето на децата во училишните клупи уште повеќе да го зголеми бројот на болни од грип.