Министерката за одбрана и заменичка претседателка на Владата, Радмила Шекеринска денеска на прес-конференција најави дека во следниот период припадниците на Армијата ќе бидат во зголемен број присутни како поддршка на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на единиците на локална самоуправа во сите општини каде што таа помош беше побарана.
– Можам да најавам дека припадниците на Армијата ќе бидат дополнително ангажирани во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Струмица, Куманово, Битола, Прилеп, а во текот на денешниот ден разговараме и со конкретно Општина Центар, Велес, Кавадарци и Росоман. Очекуваме ваквото поголемо присуство и учество да им помогне и на општините и на МВР да се справат со спроведување на сите мерки за заштита, изјави Шекеринска.
Користејќи воени капацитети, потенцира таа, се трудиме секој ден да помогнеме да спасиме човечки животи.