766
Неделникот Република повеќе нема да излегува – ваква вест добиле вработените, на кои, според информации на Фокус, им било соопштено дека новинарите ќе останат да работат на интернет-сајтот, додека останатите ќе останат без работа.
Сопственик на Република беше Иресине лимитед од офшор зоната Белизе, но оваа компанија минатата 2016 година излезе од сопствеништвото на неделникот и порталот па газда стана дотогашниот директор Доне Доневски.
Доневски остана недостапен за коментар.