466
Пратеникот од БЕСА, Фадиљ Зендели рече дека петтмината пратеници од оваа партија ќе функционираат обединето и единствени во Парламетот согласно програмата и платформата на партијата.
– Проблемите и недоразбирањата што ги имаме во партијата оставаме да ги решиме во самата партија – рече тој.
Тој одби да одговори чии наредби и директиви ќе слуша, но по расколот што се случи во оваа партија, во јавноста се појавуваше заедно со Биљал Касами.