449
Опозициската БЕСА очекува новиот претседател Стево Пендаровски да го исполни она што го ветил за време на изборната кампања и во денешниот говор од собраниската говорница.
-Се заокружи еден просец после демократските избори. Очекуваме од новиот претседател тоа што го вети за време на изборите, но и она што го кажа да го изврши, да биде конзистентен во сите негови настојувања што ги искажа во својата платформа – рече пратеникот од албанската опозициска партија Фадиљ Зендели.
Тој истакна дека ќе го следат секој негов настап за да видат дали ќе го исполни она што го вети.