Движењето БЕСА ќе гласа позитивно за разрешување на обвинителот Марко Зврлевски, рече пратеникот Фадил Зендели. Тој истакна дека Зврлевски е разрешен уште со формирањето на Специјалното јавно обвинителство и дека ова сега е само формалност.
„БЕСА ќе гласа за разрешување поради тоа што Зврлевски е протагонист за неправдата кон Албанците. Албанците со право очекуваат вистинска правда при расветлување на случаите Сопот, Монстурм и други.
Она што иритира е образожението на Владата. Според заменик министерот за правда, причини се законски пропусти пропишани со законот за обвинтелство. Во образложението се споменуваат неколку случаи, но сите знаеме дека во Македонија се покренати судски постапки во кои Албанците беа жртви, како Сопот, Монструм. Ниедна од овие не е наведена како причини. Се поставува прашањето дали оваа влада ги поддржува овие случаи“, рече Зендели.