Земон: На Охрид му е потребна конкретна развојна стратегија за следните 30 години, како што тоа го направија Котор и Дубровник

by Fokus

Зборувајќи за развојот на Охрид, директорот на Центарот за напредни истражувања, Рубин Земон во Студио на Слободен печат посочи дека е потребен сеопфатен и интердисциплинарен пристап во создавањето на соодветна развојна стратегија за следните 30 години.

„Ако сега ги прашаме локалните и централните власти за тоа која е развојната стратегија за Охрид за следните 30 години, никој нема да каже ништо. Никој за тоа не седнал да зборува ниту МАНУ ниту која било институција, ние немаме ниту во Охрид некој научен институт што би се бавел со стратегија“ посочи Земон.

Тој предлага да се искористат слични искуства од земјите во опкружувањето со што Охрид ќе се развива, но истовремено ќе ја зачува автентичноста и природните богатства.

„За тоа не треба многу, треба да се отвори таков институт во Охрид, да се донесат два или три нобеловци кои имаат искуство на тој план, како добри примери ќе ги издвојам Дубривник, Котор и доволно е тие нобеловци да престојуваат неколку месеци во Охрид и да дадат соодветно решение но ни тоа не го правиме. Ние немаме стратегија за тоа каде треба да се движи Охрид во следните 30 или 10 години“ заклучи Земон.

Поврзани новости